Горан Пандев и Елиф Елмас негативни на последното тестирање на коронавирусот

Добри вести за селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски.
Горан Пандев и Елиф Елмас по последното тестирање тие се негативни на коронавирусот и ќе можат да му се приклучат на националниот тим на подготовките за претстојните натпревари.

Двајцата наши репрезентативци во понеделник ќе пристигнат во Скопје и ќе почнат со подготовките за соочувањето со Косово во баражот за пласман на Европското првенство како и за дуелите од Лигата на нации против Естонија и Грузија.