Горан Весиќ бркан по „Кнез Михајлова“ од активисти на опозицијата

Активистите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) синоќа во центарот на Белград го бркаа заменик градоначалникот Горан Весиќ, откако ја промовираше книгата за главниот град на Србија.
Инцидентот се случи по промоцијата на „Книгата за Белград“ на Горан Весиќ, кога прво имаше взаемно туркање меѓу членовите на обезбедувањето на Весиќ и активистите на СзС, а потоа и бркање на заменик-градоначалникот додека тој одеше кон службениот автомобил, извикувајќи „Уа“ и „Весиќу крадецу„.

Според агенцијата Бета, инцидентот се случил кога Весиќ излегувал од галеријата „Прогрес“ на улицата „Кнез Михајлова“, каде беше одржана промоцијата на книгата.

Претходно, во вечерните часови се случи вербална конфронтација, проследена со туркање од активисти на владеачката Српската напредна партија (СНС) и Сојузот за Србија, кои пред галеријата Прогрес ја организираа изложбата „Весиќ, каде е сега мојот Белград“. Инцидентот се случи кога активистите на СНС се обидоа да им ја предадат книгата на Весиќ на претставници на Партијата за слобода и правда (ССП), Борко Стефановиќ и Марко Бастаќ, кој е претседател на општината Стар град .

Додека активистите на СзС викаа „Весиќ, крадец“, припадниците на СНС одговорија со „Ѓилас, крадец“.

Младите на двете партии почнаа да се туркаат, но ситуацијата брзо се смири. Министерот за труд и социјална политика Зоран Ѓорѓевиќ, исто така, беше исвиркан од активистите на СзС кога влегуваше на презентацијата на книгата на Весиќ.