Горбачев предупредува дека светот оди кон опасен период на милитантна политика

Последниот советски лидер Михаил Горбачев предупреди во петокот дека светот се лизга кон опасен период на милитантна политика и ги повика Москва и Вашингтон итно да им се посветат на преговорите за контрола на нуклеарното вооружување.

Горбачев, чиишто демократски реформи и настојувања да се ограничи вооружувањето во 1980-те години помогна да зарши ткн блоковска Студена војна, ја даде оваа изјава во разговорот за московскиот дневен весник Известия, два месеца откоко престана да важи Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty).

„Постојат опасни трендови и сите се јасно видливи. Би издвоил два. Пренабрегнување на меѓународното право и милитаризација на светската политака“, вели Горбачев.

Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во август годинава ги повлече САД од договорот, по што и Русија, по меѓусебните обвинувања за кршење на договорот, најави дека и таа ќе се повлече.

Последниот советски челник пред извесно време му се обратил со писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Како што вели Горбачев за весникоттој им се обраќа на светските лидери само во одредени случаи и тоа најчесто со кусо писмо.

„Светските челници сега имаат огромна одговороност. Времето, искрено каќано, е алармантно. И ова е голем товар, вклучително и човечки, психолошки. Знам од моето искуство“, вели Горбачев.

Покрај на Путин, Горбачев му се обратил и на францускиот претседател Емануел Макрон. „Понекогаш забележувам дека моите мисли наоѓаат одек во зборовите и постапките на лидерит“, истакнува Горбачев.

Послендиот голем американско-руски договор за ограничување на нуклеарното оружје е Новиот СТАРТ или СТАРТ-3, потпишан меѓу тогашните претседатели Барак Обама. Договорот истекува во 2021 година, а досега не Вашингтон не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека на 2-ри февраури годинава се повлече од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор. Но американскиот претседател Доналд Трамп сака во новиот договор да ја вклучи и Кина, што е малку веројатно, бидејќи Пекинг приговара дека неговиот арсенал е несразмерен во однос на оние кои ги поседуваат САД и Русија.

Сега 88-годишниот Горбачев велид ека поради пропатањето на договорот INF се итно потребни нови американско-руски преговори. Икако самиот Горбачев нема директно влијание во Москва и Вашингтон, неговото мислење сѐуште е уважуван.

„Се покажа дека овој договор е најважниот столб на стратешката стабилност. Потребни ни се преговори за неговото пропаѓање да не ја зголеми опасноста од војна“, вели уште Горбачев.