Горбачов: Ќе го бранам Путин

Некогашниот советски лидер Михаил Горбачов изјави дека ќе го брани ставот на рускиот претседател Владимир Путин за украинската криза.

– Одлучно ќе застанам во одбрана на Русија и на нејзиниот претседател Владимир Путин на политичкиот форум кој ќе биде одржан в недела во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид, истакна Горбачов.

Тој оцени дека Путин денес најдобро ги брани интересите на Русија.

– Секако во неговата политика има многу што предизвикува критики. Но, не сакам тоа да го правам и не сакам друг тоа да го прави, посочи Горбачов.

Германија на 9. ноември одбележува 25 години од уривањето на Берлинскиот ѕид, а на свеченоста ќе присуствуваат канцеларката Ангела Меркел, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот лидер на полскиот синдикат Солидарност и претседател на Полска, Лех Валенса, како и Горбачов, добитник на Нобеловата награда за мир.

– Русија воспостави нови односи (по распадот на СССР) и нови струкури на соработка. И се би било во ред, но тоа не им се допадна на сите во САД. САД имаат други планови, потребен им е контексткој би им овозможил секаде да се мешаат. Украинскиот проблем е само изговор кој САД го користат за да се мешаат, истакна Горбачов.