Ѓорческа не успеа во финалето на фјучрсот во Тунис

125

Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа во неделата да го освои турнирот во Тунис што се играше за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа во финалниот меч загуби во два сета (2:0) од Холанѓанката, Ришел Хогенкамп, инаку трета носителка на овој турнир со 7:5 и 6:4 во гемови.

Сепак, за Ѓорческа ова е најголем успех со самиот пласман во финалето. Таа досега имаше настапи во финале само на турнири со награден фонд од 25.000 и 10.000 долари.

Со пласманот во финалето таа ќе освои 48 нови поени и ќе има скок на новата ВТА листата која ќе биде објавена во понеделник, а во пресрет на нејзиниот настап на Грен слем турнирот во Париз „Ролан Гарос“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.