Гори депонијата во Тетово, а владата на Зоран Заев и Теута Арифи никаде ја нема, никаде ги нема ни министрите, ништо не се помага ниту на македонците ниту на албанците, ниту на останатите, истакна Ѓорчев.
На денешната седница во Собранието на Република Македонија,каде што на дневен ред е разрешување на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев му реплицираше на пратеникот на Горан Манојловски каде посочи дека пратеникот Манојловски како народен претставник на граѓаните од тетовскиот регион,во најголем дел од времето контактира и со македонци и со турци и со роми и со сите кои што живеат во тој регион и дека како доктор лечел луѓе од сите националности од сите вери и од сите етникуми.
– Но господине Манојловски дали може да констатираме дека овој 14-ти август 2017 година, е месец во кој што македонците во Тетово од 1945 година на наваму имаат најмалку свои претставници во институциите во делот на раководни лица. Дали остана еден Македонец, господине Манојловски со оваа коалиција со оваа влада, кој што е на раководна позиција во Тетово, посочи Ѓорчев.
-Уште еднаш во Тетово живеат околу 30 000 илјади Македонци, дури и повеќе кога зборуваме за Тетово и околината со околните општини. Уште еднаш ќе го поставам прашањето, дали со оваа влада на СДС, ДУИ, Алијанса на албанците и на останатите партии, остана еден Македонец раководител во Тетово? праша Ѓорчев.
-Можеме да одиме функција по функција, можеме да одиме институција по институција и се знае кој ќе биде одговорот. Уште еден проблем и за Македнците и Албанците во Тетово. Југохром не работи, причина беше нели НВО-претприемачите ни кажаа дека за тоа е загадувањето во зима и итн. Никогаш во лето не била поголемо загадувањето во Тетово, седумдесет години на назад, констатираше Ѓорчев.
Завчера во Тетово имаше концентрација на пм-честички канцерогени од 1037 микрограма, вели Ѓорчев.
-Максималната дозволена мерка почитувани е 50 микрограми на м3, во Тетово загадувањето е во сред лето, од депонијата со затворен Југохром беше 1037 микрограми на м3, 20 пати повеќе од максимум дозволеното, 2000 % повеќе од максимум дозволеното. Гори депонијата, а владата на Зоран Заев, Теута Арифи и останатите, ништо не прави, потенцираше Ѓорчев.
-Им исплатија ли пари на луѓето од поплавите во Порој- не, им помогнаа ли на луѓето кога им беше најтешко во Кондово и во Сарај- не, никаде ги нема министрите, никаде ја нема владата, ништо не се помага ниту на медедонците ниту на албанците,ниту на останатите, заклучи Ѓорчев.