7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ѓорчев: Гласачите ги делегитимираа политиките на власта, доминира опозициското расположение

Како што оцени пратеникот од опозицијата, она што се создава како доминантно расположение кај избирачите е незадоволството од актуелната власт.

Се покажа дека оваа власт е поранлива отколку што изгледа. Од 85 општини власта победи едвај во 17 општини. Ако ја видите разликата во гласови во дел од општините во корист на Силјановска е поголема. Онаму пак каде води Пендаровски гласовите во негова корист се околу сто, двеста, разлика која лесно се надоместува, рече Ѓорчев.

Според него, ова укажува на тоа дека се создава опозициско расположение и посочи дека исходот од првиот круг од претседателските избору укажува на тоа дека има контингент гласови кои од контото на владејачките партии сега реално се очекува во вториот круг на 5-ти мај да се прелеат на сметката на опозициската претседателска кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Ќе упатиме порака до сите граѓани во Македонија за вториот круг, а незадоволството од власта се концентрира кај Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ. Има и околу 150 илјдаи гласа од СДСМ кои останаа дома и не гласаа, а не се подготвени да го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ, треба да работиме и со нив, посочи Ѓорчев.

Рече дека дел од незадовлството поеткнува и од Преспанскиот договор, но граѓаните се „енормно“ нездоволни и од економијата, од кадровските политики на власта.

„Исто така, има и огромно потфрлање на градоначалниците, пропусти на локално ниво. Граѓаните велат ништо не се прави, не станува збор дека поминале шест месеци од локалната власт, туку за речиси две години и ништо не е направено“, рече Ѓорчев.

Оцени дека тоа е уште една причина во низата пропусти на владата предводена од СДСМ за слабиот резултат на новната коалиција со ДУИ во првиот круг на претседателските избори.

„СДСМ во моментов вреди 240 илјада гласови, другите гласови или гласовите на коалициските партнери се околу 80 илјади. Тоа значи дека СДСМ го доживеа најмалиот број на гласови“, рече Ѓорчев на гостувањето на телевизија 1.

На прашањето дека навидум било лесно дека во Ново село ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во општината на изборите за градоначалник, Ѓорчев вели: „Видете тоа е околина на Струмица, а Струмица е епицентар на северен заеивистан“.

„Се надевам дека ќе има излезност и во вториот круг. Мислам дека граѓаните знаат дека не треба да се дозволи сите власти да бидат сконцентрирани кај партиите на власта. Она што ме загрижува е иселувањето кое на степен како никогаш досега“, рече Ѓорчев

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.