Ѓорчев: Заев е авторитарен владател

Владимир Ѓорчев пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница истакна дека се ближи крајот на Владата на СДСМ и ќе дојде влада која што навистина ќе донесе промени и реформи во Република Македонија.

-За неколку месеци доаѓа техничка влада во која ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и за неколку месеци доаѓаат промените во Македонија. Да вие и сите ваши 28 министри а не само Тевдовски и неколку месеци ќе си одите избркани преку гласовите на граѓаните на Република Македонија, порача Ѓорчев.

Тој додаде дека владеењето на Заев и СДСМ наликува на авторитаризам бидејќи тој како претседател на Владата сака да се прогласи и за министер за финансии спротивно од законите, додавајќи дека еден ист човек сака да раководи и со владата, со министерството, со телото за безбедносни служби како и со телото за реформи во правосудството.

-Со вашето владеење Македонија дефинитивно оди во авторитаризам. Вие сте авторитарен владетел затоа што овде во законодавниот дом во парламентот на Македонија два часа требаше да се убедуваме за да ви дадеме реплика и не сакавте да прифатите реплика од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Зоран Заев сака да биде премиер, Зоран Заев сака да биде и министер за финансии, Зоран Заев се прогласи за шеф на телото на координација на безбедносните служби, Зоран Заев се прогласи себе си за шеф на телото за реформи во судството. Зоран Заев со еден потег разреши 70 претседатели на општински организации на СДСМ, Зоран Заев ги разреши сите членови на Извршниот одбор односно на претседателството на СДСМ. Ако ова не е авторитарност, тогаш јас не знам што е авторитарност“, рече Ѓорчев.

Според него власта треба да се грижи за граѓаните, потенцирајќи дека членови на СДСМ се закануваат на новинари, како и физичкото насилство на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш кој во својата канцеларија тепа и малтретира граѓанин, укажувајќи дека на сметка на тоа не реализираат ништо од програмата која што ја ветиле пред граѓаните и доживеале фијаско на секое поле.

-Проблем е кога Бранко Геровски добива закани од вашите луѓе, проблем е кога Курто Дудуш измачува луѓе во неговата канцеларија, а вие со прст не мрдате. Имаме фијаско на состојбите, од програмата на СДСМ не е ништо реализирано, потенцираше Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.