Ѓорчев: СДСМ ги партизира државните институции, нема место за независните интелектуалци

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница каде што се дискутираше за именување на директор и заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, посочи дека СДСМ ги партизира државните институции и не води сметка за отворање на можност за вработувањње на независните интелектуалци.

Се повторува она што во континуитет го имаме а тоа е дека кадровската политика на СДСМ е мотивирана за алиментирање на своите партиски кадри во државните институции, министерства, агенции, совети. Погледнете само една споредба ние во овој парламент пред неколку месеци требаше да донесеме одлука за гувернер на Народната банка на Македонија, госпоѓата Бежовска никогаш не била ниту член ниту пак присуствувала на собири, митинзи или било што поврзано со ВМРО-ДПМНЕ. Игор Ивановски бил потпретседател на СДСМ, Игор Ивановски бил пратеник на СДСМ, вели Ѓорчев.

Она што не го гледаме кај СДСМ тоа е отворање кон цивилното општество, кон граѓаните кон независни интелектуалци и оние кои едноставно не орбитираат кон оваа политичка групација, смета Ѓорчев.