Ѓорчев: СДСМ и СЈО имаат конкретна операција за репресирање на политичките неистомисленици

„Политичката криза веќе се продлабочува, затоа што, има конкретна операција од СДСМ, СЈО и целата композиција за репресирање на политички неистомисленици“, изјави Владимир Ѓорчев во вестите на ТВ Нова.

„Прва на удар е ТВ Нова, но нас ни е најавено уште пред неколку години од страна на СДСМ дека на удар ќе бидат сите кои не мислат онака како што мисли нивниот центар за комуникации“, истакна Ѓорчев и додаде дека според СДСМ треба да се затворат сите телевизии и да се замолчат сите медиуми.

Ѓорчев гостуваше во „Поенти“ на ТВ Нова со Гоце Михајлоски каде зборуваше за актуелните политички случувања.