Ѓорчев: СДСМ со своите политики ги уриваат македонските позиции

Вие со вашата политика на неразбрани трговци ги рушите македонските позиции што беа грдени 200 години, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се на другиот гостин Хари Локвенец од СДСМ кои беа дел од емисијата „Само Вистина“ на телевизија Канал 5.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани Ѓорчев рече: „ВМРО-ДПМНЕ заедно со огромното мнозинство на граѓани кои не ја овластија Владата да го менува името“.

Дополнително процедурата за уставни измени е компромитирана, полна со уцени, неправди, лавиринти…, рече Ѓорчев укажувајќи на тоа дека никогаш немало ваква ситуација да следат опомени кога се користи името Македонија, македонски.

Добиваме заушки од околните земји ако два пати кажеме Македонија, потенцираше Ѓорчев.