Ѓорчев: Што значи за јавната безбедност ослободувањето дилери и разбојници од затвор?

Владата на Зоран Заев апсолутно не излезе со никаква анализа што ќе значи амнестијата којашто тие ја предлагаат и дали и како тоа ќе се одрази на безбедноста во населбите, улиците, градовите и општините во земјата, истакна прес-конференцијата во петокот Влатко Ѓорчев член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посветена на понудениот закн за амнестија од страна на СДСМ и Заев.

„Имаме ситуација во којашто немаме податок колку лица кој што се обвинети и осудени за дилање односно дистрибуирање на дрога ќе бидат пуштени. Нема податок колку лица ќе бидат ослободени кои што се осудени за тешки кражби и нанесување на тешки телесни повреди. Јас ќе ви прочитам неколку од делата кои што се опфатени со оваа амнестија која што ни ја предлага владата. Значи почитувани присутни ова се делата за кои што предвидува амнестија владата на Зоран Заев и СДС. Амнестија ќе биде дадена за: убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност, убиство на миг“, рече Ѓорчев.

Натаму станува збор и за други тешки кривични дела, продолжи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, потседувајќи дека ќе бидат амнестирани лица осудени за дела како тешка телесна повреда, телесна повреда, учество во тепачка или, пак, за агрозување со опасно орудие при тепачка или караница, излагање на опасност.

„Натаму, Член 142, мачење и друго сурово нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Понатаму, загрозување на сигурност, нарушување на неповредливост на домот, присилба. Според членот 139, понатаму ќе се даде исто така и амнестија за кривични дела против половата слобода и морал, конкретно ќе се даде амнестија за сите дела кои што се покриени со членот 192, а тоа е подведување и овозможување на полови дејства, односно се амнестираат лица кои што подведувале други лица за проституција. Се амнестираат дела кои што се кривични дела против бракот, семејството и младината. Значи цела низа на дела кои што се поврзани со бракот, семејството и младината. Се амнестираат кривични дела против здравјето на луѓето, помеѓу другото исто така производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување, според член 213 производство и пуштање на штетни прехранбени и други продукти“, исткана Ѓорчев.

Според него ќе се амнестираат и лица осудени за дека според членот 215 од Кривичниот законик како неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и ткн.

„Има голем број дела коишто ќе ги видиде во материјалите, но ако оваа прес конференција треба да ја сумирам во триесетина секунди, тоа е следново: Владата на СДС и Зоран Заев, воопшто не води со законот за амнестија грижа за јавната безбедност во Република Македонија“, посочи Ѓорчев.

Рече и дека актуелната Влада треба да каже колку дилери на дрога ќе се ослободат и што тоа ќе значи за населбите во Македонија, колку лица кои што учествувале во тепачка и направиле тешки телесни повреди и колку лица ќе бидат ослободени кои што имаат повеќекратно направено разбојништва, кражби на станови на куќи, на автомобили. На тој начин јавната безбедност на граѓаните на Република Македонија сериозно се доведува во опасност.