11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ѓорчев во посета на Херитиџ фондацијата и влијателната телевизија Fox News

Средба со конгресменот Адерхолт Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на својата посета на САД се сретна со Џејмс Карафано, директор на Херитиџ центарот за надворешна политика и заменик директор на Дејвис институтот за надворешна политика.

На средбата Ѓорчев го запозна соговорникот со актуелните состојби во Македонија, политичкиот прогон, секојдневните закани врз опозицијата, притисоците врз медиумите, инстументализацијата на судството и влошената економска ситуација. Херитиџ фондацијата ќе продолжи со интерес да ги следи состојбите во Македонија, како и случувањата во поширокиот регион на Балканот и Европа. Херитиџ фондацијата е меѓу водечките тинк тенкови во САД, покривајќи ги областите од внатрешната политика и економијата, до надворешната политика и одбраната.

Во Конгресот на САД Ѓорчев се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт. На средбата стана збор за актуелнита политичка состојба во Македонија, а конгресменот Адерхолт е долгогодишен пријател на Македонија и познавач на состојбите. Ѓорчев оствари посета на Фокс Њуз, најгледаната кабелска телевизија во САД. За време на посетата Ѓорчев имаше можност да се запознае со начинот на нивната работа во Вашингтон и нивното покривање на политичките настани.