Гордана Силјановска, бара ТВ дуел со Стево Пендаровски

135

Кандидатката за претседател на ВМРО- ДПМНЕ, професорката, Гордана Силјановска, бара ТВ дуел со Стево Пендаровски. Таа ја обвини владеачката партија дека ја оцрнува и како што вели и ги извртува изјавите, а за Пендаровски вели дека и го украл слоганот „За право и правда“.

Таа вели дека нејзина искрена намера била и ќе остане да придонесе за фер и демократски избори во април. Силјановска додава дека од почетокот на нејзиното кандидирање за претседател била мета на навредливи и лични напади од страна на портпаролот на СДСМ.

Таа додаде дека Зоран Заев и делел лекции за почитување на Уставот.

Одлучив да не одговарам на ниски провокации и недолични прозивки, дури и кога доаѓаат од врвот на владејачката партија, и едвај чекав да се соочам со противкандидатот, колегата Пендаровски, објаснува Силјановска.

Силјановска вели дека е подготвена за ТВ дуел со Пендаровски, каде сака да ги посочи аргументите за кршењето на процедуралните правила за правично судење со Пендаровски.

Прашувам: дали планираат да ѝ се извинат на македонската јавност за уривањето на правната држава и за флагрантното кршење на човековите права, и на национално и на индивидуално ниво?

Или, и натаму ќе го „позајмувате“ слоганот со кој ги обединувам македонските граѓани, ќе мантрате за „правна држава“, додека ги кршите сите национални и меѓународни норми за фер и правично судење? вели Сиљановска во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.