„Гордиот албион“ во англиски стил ја победи Шведска

Фудбалерите на Англија ќе играат во полуфиналето на Светското првенство откако со 2:0 ја победија Шведска. Стрелци за Англија беа Хари Mегуаер во 30 минута Деле Али во 59 минута.

Двата гола за англискиот тим беа постигнати со глава. Мегуаер го надскока понискиот Форсберг по корнерот изведен од Јанг, додека Али во петерцот налета на центаршутот на Лингард и ја закова топката во мрежата.

Англичаните имаа уште неколку можности да постигнат гол, но Стерлинг во една прилика беше премногу себичен и биеше непрецизно, но и голманот Пикфорд со неколку одлични одбрани го спаси голот на „Гордиот Албион“.

Англија го одигра најдобриот натпревар на Мундијалот, беа тактички дисциплинирани и побрзи од Швеѓаните, што дојде до израз во второто полувреме.

Англичаните ја имаа топката во посед 56 отсто од времето во кое упатија 12 шута, од кои два во голот и кои завршија во мрежата, а изведоа и 6 корнери. Швежаните имаа еден корнер, но и седум удари кон голот на Пикфорд, од кои три англискиот голман одлично ги одбрани.

За Англија ова ќе биде трет настап во полуфиналето на Светското првенство во историјата, по 1996 година, кога како домаќини ја освои титулата во 1990 година, кога Италија го освои четвртото место.

Англија ќе игра во полуфиналето на Русија на 11-ти јули во Москва против рускиот победник – Хрватска, која игра во Сочи за 20 часа.