Гордон Ремзи го објави менито за новогодишната ноќ, вечера за еден чини над 47.000 денари

Професионалниот британски готвач Гордон Ремзи го објави ценовникот за новогодишната ноќ по што стана јасно дека сите кои ќе сакаат да ги вкусат неговите специјалитети ќе мора да издвојат поголем износ на пари.

Во еден од неговите ресторани во Лондон кој има три ѕвезди Мишелин, новогодишната ноќ ќе чини вртоглави 400 фунти по лице.

Во вечерата не е вклучен пијалакот, па оние што ќе одлучат да пијат вино ќе платат дополнително 275 фунти по лице.

Така, вкупно цената на новогодишното мени во ресторанот на Ремзи ќе изнесува 675 фунти по лице (над 47.000 денари).

Ремзи, меѓу другото, на гостите ќе им понуди специјалитет „Duck tea“, но и јастог и печено телешко.

Минатата година Ремзи доби критики откако за новогодишната ноќ вечерата ја наплаќаше по 320 фунти по лице, без пијалак. Тоа сепак не го спречи оваа година дополнително да ја зголеми цената.