Гордон со „тројка“ им донесе победа на Рокетс

Најинтересниот натпревар во новото коло од НБА Лигата играно ноќта кон четвртокот се одигра во Филаделфија, каде што домашните беа поразени од Хјустон Рокетс со 104:105, а победата на гостите буквално со звукот на сирената за крај на мечот им ја донесе со погодок за три поена Ерик Гордон.

Гордон воедно беше и најефикасниот играч на гостинскиот тим со 29 кошови, Џејмс Харден додаде 27, а Клинт Капела 16 поени со 20 скокови. Најдобри стрелци кај Филаделфија беа Џеј Џеј Редик со 22 кошови, Џоел Имбид, со 21 и Роберт Ковингтон со 20 поени.

Се чинеше дека Сиксерсите го контролираат натпреварот до последните две минути. Во последната четвртина водеа со девет поени разлика, а тогаш Харден и Гордон погодија секој по „тројка“ и ја намалија разликата на само три поена. Потоа му беше досуден прекршок на Имбид бидејќи го запре летот на топката кон кошот, Харден постигна едно слободно фрлање за Рокет по што Вајлис не погоди за Сиксерс.

Поразени беа и Индија Пејсерс со 96:114 од Оклахома Сити Тандерс. Кај гостите најдобар стрелец беше Расел Вестбрук кој дојде до својот втор „трипл-дабл“ сезонава, постигнувајќи 28 поени со 16 асистенции и 10 скокови. Кармело Ентони додаде 28 кошови со 10 скокови, а Пол Џорџ на своите довчерашни соиграчи им даде 10 кошови. Најдобар стрелец на мечот и кај Индијана беше Виктор Одалипо кој постигна 35 кошови, додека Дарен Колисон додаде 18 поени.

Тандер водеше со 54:48 на полувремето, а во третата ја зголеми предноста на 70:57 и три минути пред крајот на тој дел од натпреварот водше со 82:66. И потоа не ја испушти преднста до крајот.

Победа постигнаа и Феникс Санс, кои ги совладаа Јута Џез со 97:88. Најефикасен во редовите на Феникс беше Ти Џеј Ворен со 27 кошови, додека Џез го водеше Родни Худ со 22 поени.

На Кливленд Кавалирс не им помогна ниту „трипл-дабл“ учинокот на Леброн Џејмс, бидејќи во Њујорк беа поразени со 107:112 од Бруклин Нетс, Џејмс постигна 29 поени со 13 асистенции и 10 скоковои за својот 56-ти „трипл-дабл“ учинок во кариерата и ги промаши последните две слободни фрлања на 7,6 секунди пред крајот, Спенсер Дивиди ги предводеше Нетс со 22 поени.

Лос Анџелес Лејкерс по продолженијата славеа со 122:99 против Вашингтон Визардс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.