Ѓорѓев: До 1.250 луѓе годишно во Скопје умираат како последица на аерозагадувањето

Меѓу 850 и 1.250 луѓе годишно во Скопје умираат како последица на енормното загадувањето на амбиеталниот воздух, предупреди во вторникот вечерта професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија и истакна дека е точен фактот од Светската здравствената организација (СЗО – WHO) дека смртноста по градови каде загаденоста е висока бележи раст.

Кај нас бројот на смртни случаи пресметан по тие референтни методи се движи ако ни е годишната смртност во државата 10.000 случаи, од нив 20 проценти можат да бидат атрибутивно врзани за аерозагадувањето. Во Скопје ако е 5.000 случаи годишната смрност, од 850 до 1250 нашите најнови истражувања покажуваат дека можеме да ги врземе како последица на аерозагадувањето. Истото важи и за останатите градови каде 20 до 30 проценти од вкупната смрност се должи на загадувањето, вели професорот Ѓорѓев.

Тој истакна дека чим ни се зголемува смртноста и заболувањата на ниво на Македонија, значи дека мерките не функционираат, односно се пожали дека институциите немаат основни елементи по кои би можеле да ја следиме ефикасноста на оние мерки кои велат дека ги воспоставиле досега.

Професорот вели дека маските кои се обезбедени за граѓаните се само козметички мерки кои во суштина воопшто не го решааат проблемот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.