Ѓорѓевиќ го соопшти моќен состав за Светското првенство во Кина

Ѓорѓевиќ верува дека неговите кошаркари можат до златен медал

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Александар Ѓоргевиќ ги избра 14 кошаркари за Светското првенство за Кина, а само дванаесет од нив ќе имаат право за настап на Светското првенство.

Во завршната фаза од подготовките нема да учествуваат Дејан Тодоровиќ, Алекса Аврамовиќ и Никола Јовановиќ. Србија во сабота на домашен терен ќе игра пријателски меч против Литванија, а на 12. ќе со истата репрезентација ќе одигра и меч на гости. Од  16 до 18 август ќе настапат на турнир во Грција, на кој ќе се сретнат со домаќинот, Италија и Турција, по што следи патот за Кина.

Во Кина, Ѓорѓевиќ ќе мора да се заблагодари на уште двајца кошаркари, бидејќи на Мундобаскетот имаат право да бидат пријавени само 12 кошаркари.

Список на репрезентативци: Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Драган Милосављевиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Марко Симоновиќ, Немања Бјелица, Стефан Бирчевиќ, Мирослав Радуљица и Немања Милутинов.