Ѓорѓиев: Не прифаќаме вонредна средба со бугарската комисија, за идентитетот на Гоце Делчев нема преговарање

Не прифаќаме вонредна работна средба, редовниот работен состанок ќе се одржи на 12-ти  и 13-ти септмври, за телевизија 24изјави универзитетскиот професор и претседател на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев.

Вчерашниот повик јавен јас го доживеав како повик на двобој, да избереме место и време и да се соочиме, што мислам дека станува контрапродуктивно. Од друга страна остава впечаток дека ние се наоѓаме во некоја перманентна битка која треба што побрзо да се заврши и некој да ја добие таа битка, а не дека станува збор за академски процес во кој треба да се дискутира и на некои работи да им се остави простор и време да зреат, па да се донесе некое решение. Нема апсолутно можност да се организира таква средба, бидејќи сме во екот на одмори. Доколку инсистираме на идентитетот по секоја цена, дали бил тоа или она, тогаш мислам дека нема да се најде решение за заедничко чествување – кажа Ѓоргиев.

Бугарската страна на комисијата која ја предводи професорот Ангел Димитеров, вчера побара вонреден состанок до крајот на август.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов порача дека до октомври, комисијата мора да најде решение за Гоце Делчев. Тој не одговорои конкретно дали ако нема решение Бугарија ќе ја блокира Македонија на Европскиот совет, само потенцираше дека не би сакал да помисли да крене рака против земјава