Ѓорѓиевски: Ако нешто блеска во СДСМ, тоа е криминалната кариера на Кики

Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го коментира односот на Кики во аферата „Рекет“. Наместо да молчи како другарка му Фрики, Кики, ем шуто ем боде, им реди прекари на луѓе кои и не помирисале криминал, пишува Ѓорѓиевски.

Дојде време во кое Кики вика дека не е Кики. Гледаме и не можеме да веруваме. Народот на ова вели, си ја ишка мувата од капата зошто друго не е, и не може да биде. Овој вистинскиот Кики е доскорешен генерален секретар, и сè уште во раководството на партијата на власт. И ако има нешто блескаво во СДСМ тоа е кариерата на овој Кики, ама не по чесноста, туку блескава по нечесноста, сомнежите кои ОЈО треба да ги потврди или отфрли дека бил учесник во сомнителни зделки, вработувања, договори. Барем да ќути, да пропадне и да молчи, како другарка му Фрики, но Кики уште гласен, реди надимаци на други луѓе кои не ни помирисале криминал како што овој Кики тоне во него. Народот вели “ем шуто ем боде”, се препелка и тоне во сопствената кал. Крајот ви се ближи, и тоа го знаат и Кики и Фрики, и Зоки Поки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.