Ѓорѓиевски: Дали аболицираниот криминалец Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател?

СДСМ е дувло и синоним за криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е не законско и криминално.

Криминалците блиски до Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време.

Дали аболицираниот криминалец Зоран Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател?

Дали аболицираниот Заев му помагал на својот пријател во трговијата со наркотици и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата?

Вистинското прашање е зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат?

Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или Примислав Димовски?

Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Очекуваме истрагата да даде одговор на уште многу други прашања. Сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово.

Граѓаните на Република Македонија на 11-ти декември јасно и гласно кажаа дека не сакаат да бидат водени од криминалци кои пред очите на целата јавност бараат мито по методот „Евро за Вицето“.

Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.

Зоран Заев и неговите криминални соработници ќе одговараат пред законите и пред граѓаните за злосторничкото здружение кое го формираа и кое има за цел да ја раскрчми Македонијa.