Ѓорѓиевски: Во Куманово на плус 40 со денови нема вода за пиење, Дамјановски не реагира

125

Граѓани од неколку населби во Куманово живеат во субстандардни услови бидејќи на 40 Целзиусови степени немаат вода, што е резултатот од недомаќинското и неодговорно владеење на СДС и градоначалникот Дамјановски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ситуацијата во Куманово на чело со градоначалникот Дамјановски станува алармантна во секој поглед. Куманово станува град каде што основните потреби стануваат секојдневни проблеми на граѓаните. Жителите се нервозни од неодговорноста на градоначалникот. Почнувајќи од тоа дека нема кој да го чисти градот, па се до борбата на граѓаните за капка вода во жешките денови“, рече во понеделникот Зоран Ѓорѓиевски, член на Изрвшниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Споре него, во централното градско пордрачје веќе четири дена покрај тоа што нема никаков дотур на вода, високите зони, исто така, немаат вода по три до четири дена. Системот за водоснабдување на многу места во Куманово е нефункционален и е под постојан прекин, поради неодговорноста на надлежните локални власти.

„Очигледно е дека СДС немаат кадарен директор кој ќе се справи со потребите на граѓаните и ќе овозможи стабилизација на водоснабдителниот систем“, рече Ѓорѓиевски

Посочи дека овој проблем во Куманово се провлекува со години, а оти со години се апелира до градоначалникот за сериозноста на ситуацијата, но овој пат состојбата е загрижувачка.

„За сите граѓани, а особено за болните и изменоштени луѓе, со хронични болести, основната потреба во овие тропските денови е водата. Но очигледно дека партиските состаноци во скапи ресторани се побитни од потребите и жедта на граѓаните. Зарем тоа го заслужуваат кумановчани, со денови да полнат шишиња и да се капат со лончиња, господине Дамјановски!?“, праша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираше притоа градоначалникотда на Куманово да ги остави политиките на страна и да се посвети со неговите директори кон решавање на овој проблем, затоа што тоа е неговата обврска, како избрани и платен со парите на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.