Гори депонијата „Мелци“ во Кавадарци

Гори градската депонија „Мелци” во Кавадарци, а противпожарна екипа веќе четири четири часа е на терен и го гасне пожарот.

Од Територијалната противпожарна единица информираа за МИА дека со проблемот се справуваат четворица пожарникари со две противпожарни возила, како и двајца работници со едно возило од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.