Гори касарната во Ѓорче Петров

Огромен столб од црн чад се издига во Ѓорче Петров. Жители на Ново Село и населбата Даме Груев јавуваат дека во близина на просторот на воената касарна нешто гори со огромен интензитет и се гледа на неколку километри одалеченост.

За сега нема информации за каков пожар станува збор. До сега не е забележана интервенција на пожарникарските екипи.