Гори студиото во Лондон во кое се снимаше серијалот за „Хари Потер“

13

Пожарникари го гасат пожарот што избувна синоќа во студиото на Ворнер Брос, во близина на Лондон, во кое беа снимени сите осум филма од серијалот „Хари Потер“. Борбата со пламенот сè уште трае, јави Си-ен-ен.

Студиото се наоѓа во месноста Ливсден, а околните жители велат дека сè почнало синоќа кога ги разбудила силна миризба од чад.

– Осумнаесет противпожарни и помошни возила во овој миг се на терен, додека пожарникарите се борат со огнот – соопштија градските власти.

Според расположливите информации, засега нема жртви.

Во тоа студио снимени се и други познати филмови – „Бетмен: Темниот витез“ и нкколку од серијалот „Човекот-пајак“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.