Гори зградата на Влада

Утрово на платото пред зградата на Владата на Република Македонија избувнал мал пожар во кој се запалил кабел од инсталациите.

По јавувањето во противпожарната единцата, на терен искочиле две до три возила, кои веднаш го локализирале пожарот и изгаснале.

Во објектот немало потреба од евакуација, а вработените продолжиле со извршување на своите работни задачи.