Горивата поевтинуваат за денар, дизелот за 0,5 денари

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за денар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,5 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.
Од утре, новата цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.
За 0,465 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,155 денари.