Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата од полноќ поскапуваат. Регулаторната комисија за енергетика одлучи и ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 1,50 денари. Цената на дизелот се зголемува за 1 денар од полноќ.

Ова се новите цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 71,00 ден/лит

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 73,00 ден/лит

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 63,00 ден/лит

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50
денар/литар и новата цена ќе изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 ден/кг.

Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.

Владата на 82-та седница одлучи да се зголемат давачките за увоз на нафтените деривати во земјава за 3,5 денари за моторен бензин, со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.