Горивата повторно поскапуваат

105

Од вечерва на полноќ за половина денар поскапуваат горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на бензинот Еуросупер-95 ќе изнесува 61 денари за литар, додека  Еуросупер-98 ќе се продава за 63 денари за литар. Еуродизелот (D-EV), пак,  ќе чини 52 денари.

За половина денар се зголемува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинствата, коe од полноќ ќе се продава за 52 денари за литар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.