Горниот Дом на рускиот парламент одобри употреба на воена сила во странство

34

Горниот дом на рускиот парламент даде во вторникот одобрение за употреба на воена сила во странство, што како што се стравува на Западот, го отвора патот за потенцијален влез на риска војска во Украина, пренесува германската новинска агенција DPA.

Резолуција која повикува на „употреба на вооружени сили надвор од Русија“ беше едногласно поддржана од 153-те членови на Советот на Федерацијата.

„Силината на армиските единици, областите на распоредување, задачите и времетраењето на нивниот престој надвор од Русија ги одредува рускиот претседател во согласност со рускиот устав, се вели во резолуцијата“, пренесе новинската агенција ТАСС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.