Горпишин: Вардар е најдоброто досега во мојата кариера

Еден од новајлиите кои пристигна во Вардар во овој преоден рок е пивотот Сергеј Горпишин, уште еден руски репрезентативец кој ќе ја задолжи „црвено-црната“ опрема и ќе биде дебитант во Лигата на шампионите.

Горпишин има 22 година и е висок два метри со 106 килограмиа. Во тимот на Вардар тој доаѓа како замена за Рожерио Мораеш кој се сели во редовите на Веспрем. Во изминатиот период Русинот настапуваше за германскиот бундеслигаш Ерланген.

„Сум бил тука неколку пати со националниот тим, па сум ги видел условите со кои располага Вардар. Ми се допаѓа овој клуб, овој град, можеби времето е само проблем, затоа што јас сум момче што е зимурливо, а сега тука е многу топло. Но, генерално ми се допаѓа. Што се однесува до тимот, се виде лани, многу луѓе не веруваа во Вардар, па успеаја да ја освојат ЛШ. Сега, сите ќе сакаат да победат против нас затоа што сме европски прваци. Но, сметам дека Вардар е моќен тим, создаден од младост и искуство и никој не смее да го отпише. Па, зошто да не одбраниме круната во ЛШ? Лично, Вардар е најдоброто досега во мојата кариера. Не можев да изберам подобар тим да продолжам“, изјави Горпишин.

Пивотот е актуелен репрезентативец на Русија, а за „зборнаја“ настапи на последното Светско првенство кое се одигра во Германија и Данска. Ерланген за наредната сезона донесе пет нови имиња, па така го ослободи Горпишин да замине во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.