Гошев: СДСМ нема легитимитет да збори за фер и демократски избори

На вчерашната пленарна седница во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред беа пакетот закони договорени во Пржино, своја реплика кон пратеничката од редовите на СДСМ Рената Дескоска имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Славе Гошев.

Дали тоа значи дека вашиот лидер е нелегитимен градоначалник на Општина Струмица? Дали со ова вие што го изјавивте сега признавате дека вашиот лидер е нелегитимен градоначалник? Вие сами рековте дека изборите во 2013 година се фалсификат. Па сега да се договориме, ако се фалсификат, кажете му на вашиот лидер да си поднесе оставка од градоначалник во Струмица. Или тогаш кога ви одговара изборите се легитимни, а кога не ви одговара се фалсификат, истакна Славе Гошев.

Пратеникот Славе Гошев потоа се осврна на обвинувањата во врска со тоа кој и каков легитимитет поседуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струмица.

Колку вработени во Комуналец во Струмица беа избркани пред изборите и дали е точно дека 180 луѓе ги вработивте еден месец пред избори, а три месеци после изборите ги избркавте. Вие ли имате легитимитет да зборувате за фер и коректни избори? Или само кога ви одговара?, посочи Гошев.

Во продолжение, на овие жешки прашања кои ги постави и упати пратеникот Славе Гошев до пратениците од СДСМ, тие жестоко и нервозно реагираа и довикуваа бидејќи очигледно беше дека им смета поставување на вакви прашања и барање одговори на истите особено кога се работи за легитимноста на изборите во Струмица каде токму лидерот на СДСМ е и градоначалник.