„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во петок во Куманово

Домот на култура во Куманово, во петок од 20.00 часот ќе биде домаќин на проекција за филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.

Филмот доби две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize. Првата награда, Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Guild Film Prize, пак, ја доделуваат членови на жири комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ имаше вкупно осум проекции на Берлинале.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.