Гостин во француски ресторан уби келнер поради сендвич

Маж убил келнер во еден ресторан во општината Нуаси-ле-Гран во департманот на француската престолнина, бидејќи неговиот нарачан сендвич не бил приготвен толку брзо колку што тој сакал, пренесуваат во саботата француските медиуми.

Радио-станицата France Info, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата, јавува дека инцидентот се случил во петокот вечерта по 21 часот по локално време. Според очевидците, мажот го застрелал келнерот, бидејќи не бил задоволен од тоа што нарачаниот сендвич не бил подготвен доволно брзо.

Истраланиот куршум го погодил келнерот во рамото, меѓутоа се покажало дека оваа повреда била фатална. И покрај брзото доаѓање на возило на службата за итна помош, несреќниот млад човек починал на самото место.

Осомничениот напаѓач избегал од местото на злосторството и во саботата полицијата трага по него. Според информациите на весникот Parisien, починатиот келнер од ресторанот „Le Mistral“ бил на 28-годишна возраст.