Гостинска победа и рекорд на Манчестер Јунајтед

Во последната средба од 13-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед на гостувањето го совлада „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед со 3:2 забележувајќи ја рекордната десетта гостинска победа во низа.

Манчестерските „Црвени ѓаволи“ по мечот во четвртокто стнаа првиот клуб во историјата на Премиер лигата кој на десет последователни гостувања постигнал најмалку два погодока. Последниот клуб кој го оствари овој успех во најквалитетното англиско натпреварување беше Тотенхем во 1960 година.

Истовремени рекорд забележа и Шефилд Јунајтед кој остана на последното 20-то место на табелата со само еден бод, што е најлошото остварување на еден клуб во историјата на англискиот фудбал по првите 13 првенствени кола.

Инаку на вечерашниот натпревар Шефил поведе уште во 5 минита со голот на Дејвид Мекголдрик, но Манчестер до полувремето направи резултатски пресврт меѓу Марку Рашфорд во 26 и Ентони Марсиал во 33 минута. Рашфорд беше стрелец на гостите и во 51 минута за 3:1, а малку надежи домашните добија во 87 минута кога уште еднаш погоди Мекголдрик.

Манчестер Јунајтед со трите бодови се искачи на шестото место на табелата со 23 бодови, пет помалку од водечкиот Ливерпул, односно два помалку од второпласираниот Тотенхем.

Во првиот дуел во четвртокот, Астон Вила и Барнли одираа бнез голови, а ова беше првото реми за Вила оваа сезона. Домашните доминираа, и упатија дури 27 удари кон противничкиот гол, но не успеаја да го совладат Ник Поуп.

Астон Вила е 11-та со 19 бодови, а Барнли е 17-ти со 10 бодови.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.