Гостинска победа на Лил кај Анже

Во првиот натпревар од 24-то коло на француското фудбалско првенство во петокот вечерта Лил без поголеми проблеми славеше со 2:0 на гостувањето кај Анже.

Гостите во водство дојдоа во 14 минута со голот на Виктор Осимен, а конечниот резултат го постави Ренато Санчез во 75 минута.

Со 40 бодови и меч повеќе Лил се израмни со третопласираниот Рен, а Анже со 30 бодови е на 13-то место на табелата. Во водство е ПСЖ со 58 бодови, а вториот Олимпик Марсеј има 46 бодови.

Во сабота се играат шест дуели, и тоа: Марсеј – Тулуз, Рен – Брест, Дижон – Нант, Амјен – Монако, Мец – Бордо, Ница – Нимс, а во недела Монпелје – Сен-Етјен, Стразбур – Стад Ремс и ПСЖ – Олимпик Лион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.