Гостинска победа на Стразбур

Во единствениот саботен натпревар од 36-то коло од француското фудбалско првенство, Стразбур како гостин со 1:0 го совлада Брест.

Голот вреден три бода го постигна ветеранот Кевин Гамеиро во 71 минута.

Со оваа победа Стразбур се искачи на петтото место со 60 бодови, колку што има и шестата Нива коај подоцна во саботата со Нант ќе се соочи во финалето на Купот, додека Брест остана на 11-то место со 48 бодови.

Во првиот натпревар од 36-то коло во петокот вечерта, Монако како гостин со 2:1 го совлада Лил. Стрелец на двата погодока за Монако беше Орелиан Тшиамени во 42 и во 75 минута, додека за минатогодишниот шампион прецизен бепе Ангел Гомез во 69 минута.

Лил моментално е 10-то со 51 бод, додека Монако е второпласиран со 65 бодови, колку што има и третиор Марсеј но со натпревар помалку. Пари Сен Жермен од поодамна ја обезбеди титулата со недостижни 79 бодови,

Во недела на распоредот се дуелите: Клермон – Монпелје, Анже – Бордо, Ремс – Ланс, Лориен – Марсеј, ПСЖ – Троа, а колото завршува во среда со мечевите Ница – Сен Етјен и Нант – Рен.