Лидерот во германското фудбалско првенство минхенски Баерн сигурно чекори ко новата титула откако во последниот меч од 25-то коло на Бундеслигата на гостувањето убедливо го совлада Фрајбург со 4:0.
Победата на Баерн во ниту еден момент не беше доведена во прашање, а головите ги постигнаа, автогол на Александер Шволов во 25 минута, Корентин Толисо во 28, Сандро Вагнер во 54 и Томас Милер во 69 минута.
Гостинска победа оствари и Штутгарт победувајќи го Келн со 3:2. Домашните поведоа во 7 минута со голот на Клаудио Пизаро, но Штутгарт возврати со три гола, а стрелци беа Марио Гомез во 45 и во втората минута од судиското продолжение, и Андреас Бк во 57 минута. При сите три гола асистираше Ерик Томи. Мило Јојиќ во 86 минута го намали резултатот со одлично изведен слободен удар.
На табелата води Баерн со 63 бодови, Шалке 04 е на второто место со 43 бодови, додека Брусија Дортмунд и франкфуртски Ајнтрахт имаат по 42 бода. Штутгарт е девет со 33 бодови, додека Келн е последен со 17 бодови.