Гостински победи на Хетафе и Бетис во Примера

Последните два натпревара од 18-то коло на шпанското фудбалско првенство во понеделникот вечерта завршија со гостински триумфи, на Хетафе кај Елче со 3:1 и на Бетис кај Уеска со 2:0.

Елче поведе уште во 4 минута со голот на Раул Гути, а израмни Марк Кукуреља во 39 минута, по на одморот се замина без предност. Клучниот момент се одигра во 52 минута кога домашните останаа со играч помалку по исклучувањето на Иван Марконе. Бројно надмоќните гости резултатискиот пресврт го направија во 69 минута со погодокот на Хаиме Мата, а победата ја потврди од пенал во 86 минута Анхел Родригез.

Хетафе со новите три бода со вкупно 20 скокна на 13-то место на табелата оддалечувајќи се од зоната на испаѓање, каде што по ова коло падна Елче, кое сега со 18 бодови е 18-то, односно на местото кое игра бараж за опстанок.

 

Бетис во финишот на дуелот успеа да го скрши отпорот на фенерцијата Уеска. Бедемот на домашните гоо проби Аиса Манди во 78 минута, а мали шанси домашните добија откако во 82 минута кај гостите беше исклучен Пол Акуоку, но наместо израмнување Бетис во третата минута од судиското продолжение со голот на Антонио Санабрија ја потврди победата.

Реал Бетис се оддржа на 10-то место со 23 бодови, а Уеска и натаму е последна со 12 бодови, шест помалку од зоната на спасот.

 

Во ова коло поради неможноста поради невремето да допатуваат во главниот град, одложен беше дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

На табелата води Атлетико Мадрид со 38 бодови, а го следат Реал Мадрид со 37 и Барселона со 34, но и двете екипи имаат одиграно по три меча повеќе.