Гостински победи на Хофенхајм и Лајпциг

Во последните два саботни натпревара од 30-то коло во германската Бундеслига, Хофенхајм на гости го совлада Шалке со 5:2, а РБ Лајциг со 2:1 беше подобар во Менхенгладбах кај Борусија.

Хофенхајм поведе во 25 минута преку Ишак Белфодил а водството на гостите го удвои Андреј Крамариќ во последната минута од првото полувреме. Шалке ги врати надежите во 60 минута кога Даниел Калигуири реализираше пенал, но само пет минути подоцна повторно предност од два гола за Хофенхајм донесе Адам Салаи. Потоа во 73 минута погоди и Надием Амири а серијата на Хофенхајм ја заврши играчот кој и ја започна, Белфодил беше прецизен повторно во 80 минута, а во последната минута од мечот Шалке намали преку Гвидо Вургшталер.

Хофенхајм сега има 50 бодови и е шестти, позиција која го води во квалификациите за Европската лига, а пред него се Борусија М со бод повеќе на петтото место кое води директно во Европската лига, а четвртиот Ајнтрахт со два бода повеќе е на последното место кое води директно во групната фаза од Лигата на шампионите.

Со домашниот пораз, пак, Шалке 04 си го комплицира опстојувањето во Биндеслигата. Сега е на 15-то место со 27 бодови, шест повеќе на четири кола до крајот на сезоната од 16-от Штутгарт кој би играл во бараж за опстанок, а Нирнберг и Хановер со 18 односно 14 бодови, се сметаат за веќе отпишани.

Претходно РБ Лајпциг со головите на Марсел Халштенберг во 17 од пенал и во 53 минута, беше подобар од домашната Борусија Менхенгалдбах за која стрелец беше во 61 минута Аласене Плеа. Лајпциг се зацврсти на третото место со 61 бод, пет помалку од Борусија Дортмунд која има и меч помалку а во водство е Баерн со 70 бодови. Борусија Менхенгалдбах со 51 бод е на петтото место и до крајот може да го достигне четвртото место последното кое води во Лигата на шампионите на кое е Ајнтрахт со 52 бода, но и да остане без европска сезона зашто седмиот Баер Леверкузен има 48 бодови.