Гостински победи на Милан и Наполи

Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 6 December 2020 ANSA/SIMONE ARVEDA

Во последниот натпревар од неделната програма од десеттото коло на италијанското фудбласко првенство Милан очекувано на гости со 2:1 ја совлада Сампдорија, а претходно Наполу беше убедлива со 4:0 кај Кротоне.

Милан поведе во последните моменти од првото полувреме со голот на Франк Кеси од пенал, а на 2:0 зголеми во 77 минута Саму Гастаљехо, кој влезе во игра само една минута претходно и тоа беше практично неговиот први допир на топката. По неколкуте нереализирани шанси на гостите од Милано, малку надеж на домашните им донесе во 82 минута Албин Екдал, но Сампдорија немаше сили и за израмнување.

Милан повторно има предност од пет бодови пред градскиот ривал Интер, односно 26 наспроти 21. Сампдорија е 12-та со 11 бодови.

Наполи беше супериорен на гостувањето кај Кротоне, а македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз ги одигра последните петнаесет минути, заменувајќи го Лоренцо Инсиње, кој го отвори резултатот со погодокот во 11 минута. Во 50 минута Кротоне остана и без исклучениот Џакопо Петриконе и тука завршија надежите на домашните дека може да се надеваат на позитивен резултат. За гостите стрелци уште беа Хирвинг Лозано во 58, Диего Диеме во 76 и Андреа Петања во првата минута од судиското продолжение.

Наполи сега со 20 бодови се искачи на третото место на табелата, колку што има и четвртопласираниот Јувентус, а петти е Сасуоло со бод помалку. Кротоне е убедливо последен 20-ти со само два бода.

Во двата попладневни натпревари од италијанското фудбалско првенство, меѓу Рома и Сасуоало и меѓу Парама и Беневенто не беше постигнат ниеден погодок, додека мечот меѓу Удинезе и Аталанта беше одложен поради силниот дожд и поплавениот терен.

Според позициите на табелата, дуелот на римскиот „Олимписки стадион“ во кој Рома го пречека Сасуоло требаше да биде дерби на колото, меѓутоа тоа беше и премногу скромна претстава со малку можности за сериозно загрозување на противничкиот гол. „Волчицата“ од 40 минута играше и без исклучениот Педро Родригез.

Сасулао е петти на табелата со 19 бодови, а Рома со бод помалку е место подолу.

Без голови заврши и средбата меѓу Парама и Беневенто. Парма до понеделник кога се игра дербито на дното од табелата меѓу Фиорентина и Џенова, ќе биде на 16-то место со 10 бодови, а Неневенто со 11 бодови е 13-ти.

Без победник но со по еден постигнат погодок заврши првиот неделен натпревар меѓу Верона и Калјари. Домашните поведоа во 21 минута со голот на Матија Закањи а во 48 минута израмни Разван Марин. Верона моментално е осма со 16 бодови, а Калјари е 11-ти со 12 бодови.