Гостински победи на Шкендија и Работнички

Шкендија се помачи додека да го скрши отпорот на Пелистер кој е закован на дното. Отпорот на битолчани конечно беше скршен во 65 минута кога погоди Маневски, додека во 78 минута Нафиу ги постави конечните 2:0.

Работнички убедливо со 3:0 победи на гостувањето кај Брегалница во Штип и ја прекина серијата од три порази по ред. Максимов даде два гола, еднаш погоди Илиевски.

Македонија Ѓорче Петров со гол на Алексовски во 94 минута победи на гостувањето кај Ренова и се израмни бодовно со Академија Пандев која ремизираше со Борец.

Академија Пандев поведе со 1:0 со гол на Ангелов во првиот дел, Борец го изедначи резултатот преку Ѓоѓевиќ во вториот дел.

Лидерот Шкупи одигра без голови 0:0 на гостувањето кај Скопје.

Тиквеш со 2:0 ја победи Струга Трим Лум, головите ги дадоа Каракамишев и Спахиу.

Резултати:

Пелистер – Шкендија 0:2
Брегалница – Работнички 0:3
Ренова – Македонија Ѓорче Петров 0:1
Борец – Академија Пандев 1:1
Скопје – Шкупи 0:0
Тиквеш – Струга Трим Лум 2:0

Табела:

1. Шкупи 62
2. Шкендија 51
3. Академија Пандев 49
4. Македонија ЃП 49
5. Ренова 37
6. Брегалница 37
7. Работнички 34
8. Струга ТЛ 33
9. Скопје 36
10. Тиквеш 24
11. Борец 15
12. Пелистер 10