Гостински победи на водечката тројка во Премиер лигата

Водечката тројка во англиското фудбалско првенство оствари гостински победи во средбите од 14-то коло одиграни во средата, Челзи го совлада Вотфорд со 2:1, Ливерпул го надигра градскиот ривал Евертон со 4:1, додека Манчестер Сити ги освои бодовите со 2:1 против Астон Вила.

Челзи го сочува врвот на табелата со тешко изборната победа на „Викариџ Раод“ во натпреварот кој во 13 минута беше прекината повеќе од половина час бидејќи му се слоши на гледач на трибините кому мораше да му се укаже медицинска помош.

Откако мечот продолжи Челзи во 29 минута дојде во водство преку Мејсон Маунт, но пред играчите да заминат на полувреме во 43 минута израмни Емануел Бонавентуре. Сепак, Челзи стаса три бода благорадејќи на резервистот Хаким Зијех во 73 минута кој реализираше по нафрлувањето на Маунт.

Ливерпул во Мерсисајд дербито веќе во првите 20 минути дојде до предност од два гола, преку Џордан Хендерсон во 9 и Мохамед Салах во 19 минута. Надежите на домашните навивачи ги врати Деамраи Греј во 38 минута, но надежите ги стивна со својот втор погодок Салах во 64 минута, а конечните 4:1 ги постави Диого Жота во 79 минута.

Манчестер Сити до водство од два гола стаса благодарејќи на вдахновените потези на Портигалеците Рубен Дијаз во 23 и Бернардо Силва во 43 минута, а за домашните по корнер на почетокот од вториот дел во 47 минута намали Оли Воткинс, а до крајот на мечот мрежата на гостите ја сочува голмабот Емерсон.

Челзи е прв со 33, Сити го следи со 32 а Ливерпул има 31 бод. Астон Вила е 13-та со 16, Евертон е 14-ти со 15 а Вотфорд е 17-ти со 13 водови.

Вест Хем Јунајтед како домашин одигра 1:1 против Врајтон анд Хоув Албион, Домашните поведоа веќе во 5 минута преку Томаш Соучек, но не успеаја да ја зголемат предноста, за што беа казнети од гостите кои израмнија во претпоследната 89 минута преку атрактивните „ножички“ Нил Маупај. Вест Хем со 24 бодови се одржа на четвртата позиција, а Брајтон е седми со 19 бодови.

Вулверхемптон и Барнли одиграа без голови, па домашните со 21 бод е шести на табелата а гостите се 18-ти со 10 бодови е во зоната на испаѓање.

Бодовите ги поеделија и Саутемптон и Лестер Сити но со резултат 2:2. Домашните поведоа веќе во 3 минута преку Јан Беднарек гостите израмнија во 22 минута преку Џон Еванс, новото водство на домашните го донесе Чи Адамс во 34 минута а конечното израмнување го постигна во 49 минута Џејмс Медисон.

Лестер Сити е на осмото место во 19 бодови а Саутемптон со 15 водови е 16-ти, пет бодови над зоната на испаѓањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.