Гостински триумф на Њукасл кај Вест Хем

Во последниот натпревар од саботната програма на првото коло во англиската Премиер лига, фудбалерите на Њукасл Јунајтед со 2:0 славеа на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед.

Домашните во првото полувреме имаа неколку одлични шанси за погодок, а најдобрата ја имаше Пабло Форналс но неговата „бомба“ само ја затресе пречката. Во второто гостите стасаа до победата со головите на Калум Вилсон во 56 и Џеф Хендрик во 87 минута.

Претходно во стаботата актуелниот шампион Ливерпул се намачи со повредатникот во елитата Лидс Јунајтед со 4:3, благодарјќи на хет-трикот на Мохамед Салах, кој два погодока постигна од пенал, од кои вториот во 88 минута при резултат 3:3.

Арсенал со 3:0 како гостин беше подобар од, исто така, повратникот во Премир лигата – Фулам, а Крстал Палас со 1:0 беше подобар од Саутемптон.

Одложени беа натпреварите Барнли – Манчестер Јунјатед и Манечстер Сити – Астон Вила.

Во недела Вест Бромвич Албион ќе го пречека Лестер Сити, а во вториот меч се среќаваат Тотенхем и Евертон.

Во понеделник на распоредот се уште два меча: Шефилд Јунајтед – Вувлерхемптон и Брајтон енд Хоув Албион – Челзи.