Гостиварчани круимчареле марихуана во изнајмен автомобил

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 23.40 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај клучката „Југ“ полицајците сопреле автомобил голф со скопски регистарки таблички, , сопственост на „Елита Рент-а-кар“.

Со автомобилот управувал од Џ.Х.(1989) од Гостивар, а како сопатници во возилото биле: Е.А.(1993), А.Е.(1988) и И.А.(1988), сите од Гостивар.

Од извршената контрола и преглед над возилото и лицата, во фиоката од возилото биле пронајдени три најлонски кеси од околу 150 грама со непозната зелена тревкаста материја.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.