По кусата меѓусебна вербална расправија попладнето, Ќ.А. неколку пати ја удрил со тупаници по лицето, а потоа со глава и тупаници го удрил и нивниот син, кој се обидел да ги раздели, излегол во дворот пред куќата и со дрвен стап го оштетил неговото возило „БМВ“, информираат од СВР Тетово.
Набрзо тој е лишен од слобода, укажана му е соодветна лекарска помош во гостиварската болница и задржан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
Инаку, според кажувањето на сопругата, тој подолго време се соочувал со психички проблеми.