Гостиварец грабнал малолетничка од Струга

Гостиварец грабнал малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко Ново Село.

СВР Охрид денеска соопшти дека во струшката полиција вчера околу 15 часот било пријавено дека С.А. од Гостивар со патничко возило ја одвел малолетничката.

– Според пријавеното, подоцна малолетничката телефонски ја контактирала нејзината мајка и ѝ соопштила дека е во домот на нејзиното момче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, изјави портпаролот Стефан Димоски.