Гостиварец киднапиран поради неплатен долг

Гостиварец е киднапиран во четвртокот околу 23.30 часот додека плаќал на наплатна рампа во Тетово. Се работи за М.М.(51) од село Форино (гостиварско). Додека плаќал патарина патот му го попречило друго возило. Од возилото излегле три лица од кои две од Гостивар и едно од Тетово и го внеле во нивното возило по што се упатиле кон Тетово.

Истите физички го нападнале и му се заканувале по неговиот живот и животот на неговото семејство доколку не го врати паричниот долг на едно од лицата.

М.М. бил задржан и по некое време пуштен, по што случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.