Гостиварец наседнал на измамата на „лажниот Арап“

Гостиварец наседнал на измама од двајца криминалци и останал без 250 евра, вчера во Гостивар, информираше МВР.

Според полицијата, Ѓ.К.(60) од Гостивар пријавил дека околу 9.30 часот на улица Илинденска бил ограбен од две непознати лица. Тој бил пресретнат од едниот, но набргу потоа му се доближил и другиот. Тој се претставил дека е странец и му побарал пари за операција на неговата сопруга бидејќи во моментот неамал пари, но набргу ќе извадел.

Гостиварецот му поверувал и му дал 13.000 денари и 50 евра, а „странецот“ му ветил награда од 500 евра кога ќе ги подигне парите. Како гаранција дека ќе се врати му оставил часовник. Двајцата заминале и не се вратиле, а по некое време Г.Ќ. сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.